За нас
Кривогаштани Промет е основана во 1990 година и во текот на 27 годишното постоење компанијата поминува низ повеќе етапи на нејзиниот развој.
Со откуп и продажба на зеленчук почнува да работи од 1997 година и со успех ги освојува и европските пазари со свеж зеленчук со врвен квалитет.
Од 2013 година компанијата почнува со преработка на зеленчук и за краток период производите стануваат препознатливи на пазарите во Австралија, САД и на европскиот пазар. Производите се во класата на деликатеси, затоа што се правени по домашни рецепти и користени се висококвалитетни суровини, а за кое придонесува и изгледот, пакувањето и вкусот. Од самиот почеток на преработка имплементиран е и сертифициран НАССР, а од август 2016 година имплементиран и сертифициран е и ИFS сертификат, кој е гаранција дека се произведува безбедна храна.
Седиштето на компанијата се наоѓа во Прилеп, а фабриката за преработка на зеленчук во населено место Славеј, 15 км оддалечено од Прилеп.